Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Прекини во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат потрошувачите од делови на градот и две населби, а утре во едно село.
Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), денеска во периодот од 7 до 14.30 часот без напојувње ќе останат корисниците на улиците: „Панчевска“ и дел од Трета МУБ - зградите пред новиот кружен тек и Дубо Пром.
Во периодот од 8 до 10.30 часот струја ќе нема во населбата Карпош.
Прекини во периодот од 9 до 12 часот ќе има во селото Долно Којнаре, околу Земјоделско училште „Киро Бурназ“.
Најава за прекини за утре (15.12.2022) во периодот од 8 до 12 часот има за во селото Речица, поточно корисниците на Индустриска зона Речица, Квалитет Пром, Сити Бетон, Контра шпед, Бензинска Шел, Бензинска пумпа Мак Бенз, Рапид Бил, Бентони, Армос и Царина.