Без струја делови од Куманово
15.04.2026 08:44
| KumanovoNews
На неколку локации во градот денеска ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Според ЕВН, од 08:30 до 09:30 часот без струја ќе бидат корисниците на ул. „Јован Јовановиќ Змај“ и дел од ул. „Ѓуро Пуцар Стари“, на потегот меѓу улиците „Михајло Пупин“ и „Благоја Думановски Пецаклија“.
Од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат и потрошувачите на ул. „11 Ноември“ и во населбата Бедиње.