Мени

Без струја делови од Куманово и околните села

26.05.2026 08:48 | KumanovoNews

Повеќе улици во Куманово и неколку села во општината денеска и во наредните денови ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.

 

Без струја делови од Куманово и околните села

Денеска, од 10 до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Ленинова“, поточно од „Градска пивница“ до улицата „Доне Божинов“.

Утре (среда), од 8:30 до 14 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на дел од улицата „Србо Томовиќ“, дел од улицата „11 Ноември“ пред мостот за населбата Бедиње, како и на улицата „Милан Лисица“.

Истиот ден, од 9 до 15 часот, без струја ќе останат жителите на село Алгуња, во маалото Татариновац, Општина Старо Нагоричене.

Во четврток, од 9 до 11 часот, прекин е најавен за целото село Винце, а истото село повторно ќе биде без електрична енергија и во петок во истиот термин, од 9 до 11 часот.

На 1 јуни, од 8:40 до 13:30 часот, прекин ќе има во населбата Карпош во Куманово, на улицата „100“, стариот Паланечки пат по месноста Бара и на сите улици кои гравитираат кон улицата „100“. Во истиот период без струја ќе бидат и делови од населбата Карпош околу улицата „1“, Никуљски пат по месноста Бара и околните улици.

На 3 јуни, од 8:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе останат селата Никуштак, Виштица и Матејче.