Без струја денеска две населби и две села во Куманово
03.03.2026 08:40
| KumanovoNews
Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе има во две приградски населби и две села во кумановско.
Денеска од 07:45 до 14:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во населбите Иго Тричковиќ и Ајдучка Чешма, додека во селата Воиновиќ и Сопот струја нема да има во периодот од 08:00 до 15:00 часот.
Утре, среда, без струја од 08:30 до 14:30 часот ќе биде селото Винце.
Во петок, од 08:30 до 13:30 часот, ќе бидат исклучени дел од селото Романовце (пумпи за вода, излезот на селото кон автопатот и железничка станица) , како и селата Агино Село и Брзак.