Без струја се седум липковски села
21.12.2015 10:18
| KumanovoNews
Без напојување со електрична енергија утрово се седум села во општина Липково, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Струја немаат жителите на селата: Ваксинце, Лојане, Слупчане, Оризаре, Извор, Алешевце и Белановце. Вработените од ЕВН Македонија работат на отстранување на дефектите. Во градот снабдувањето е редовно со ситни дефекти.