×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Исправна и со добар квалитет е минералната водата од чешмите во Проевце

    04.06.2024 13:33 | Оливера Пешевска

    Минералната вода од чешмите во Проевце е безбедна, исправна и со добар квалитет, граѓаните не треба да се двоумат околу нејзиното користење, велат од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) од Куманово, кои редовно зема мостри и вршат контрола на квалитетот.

    Исправна и со добар квалитет е минералната водата од чешмите во Проевце

    „Најмалку 4 пати годишно се проверува квалитетот на водата, иако по потреба вршиме и вонредни тестирања. Резултатите на Центарот за јавно здравје покажуваат дека водата  е со добар квалитет, слободна за пиење и користење“, одговори докторка Блерта Шахини Азизи.

    Голем број жители на Куманово за пиење ја користат токму водата од „Вруќа вода“, се полнат балончиња и по неколку гајби шишиња, количина за еднонеделно користење на четиричлено семејство.

    „Со години ја користиме, водата е со одличен квалитет, дома не пиеме ниту од водовод, ниту пак купуваме. Ама полнењето е хорор приказна, неуредено, валкано, плочките се извадени, рабниците на скалите назабени, можеш да се сопнеш. Е паркинг има, навистина мал, ама ги задоволува потребите. Ретко се случува да има гужва, некогаш во попладневните часови“, изјави Дејан Б. од Куманово.

    Термалната вода во Проевце е лековита за нервниот систем и системот за варење, полесни форми на шеќерната болест, за уринарниот тракт, за бубрезите, за, гинеколошки проблеми, за егземи и разните дерматолошки состојби. Поради својството за обновување на ткивото, таа се смета и дека подмладува. Поради присуство на флуор се препорачува и за стоматолошки проблеми.

    Според некои податоци Кумановска бања по хемиски состав е идентична со Врњачка и Буковичка Бања во Србија, со Бањата Виши во Франција, со изворите Вилдунген и Маријанске Лазне во Република Чешка. Според некои анализи, оваа бања е дури и подобра од нив, односно ги нема недостатоците кои тие ги имаат.