Библиотеката догодина побогата за 4500 книги
Градската библиотека „Тане Георгиевски“ следната година ќе биде побогата за 4500 книги.

Директорката Нада Ивановска вели дека дел од книгите ќе бидат купени, дел добиени преку донации и ќе добијат книги кои ги печати Министерството за култура. Ивановска вели дека и во 2016 година ќе настојуваат да го зголемат бројот на читатели.
Верувам дека како и претходните години фондот прилично ќе се збогати и ќе се обнови. Нормално дека многу внимание се посветува на зголемувањето на бројот на читателите, на корисниците на библиотечните фондови и во таа насока правиме најразлични манифестации, средби, трибини, промоции за да можеме книгата да ја популаризираме, да ја ставиме на дофат на сите корисници во општината за да им биде предизвик. Многу од дејностите дисперзираме во институциите, училиштата - изјави Ивановска.
Таа вели дека половина од библиотечниот фонд веќе е дигитализиран. Советниците ја пофалија програмата на библиотеката како сеопфатна и кажаа дека програмата и претходните години се реализирала како што е планирано.
Радува тоа што расте бројот на читатели. пет илјади овде читам. Знаеме дека поголемиот број се ученици и студенти, а помалку возрасни, но тоа не треба да нè загрижува затоа што и во високо развиените земји е така“-рече Јовица Станковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.
Советниците денеска на 46-та седница на Советот на општина Куманово, ја изгласаа програмата за работа на библиотеката во 2016 година.