×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бичиклиски: ВМРО - ДПМНЕ е обединувачка партија

    18.10.2013 08:36 | KumanovoNews

      По повод 23 октомври, Денот на македонската револуционерна борба, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ организираше трибина на која зборуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски и Драган Димишков, првиот претседател на УМС.

    Бичиклиски: ВМРО - ДПМНЕ е обединувачка партија

    При тоа беше нагласено дека партијата е значаен фактор кој последниве неколку години работи на обединување на сите Македонци.

     Бичиклиски смета дека треба да има помирување прво меѓу сите Македонци, а потоа и меѓу сите луѓе кои живеат во Македонија. Според него, партијата го покажала и докажала патриотизмот, а на следните избори било претседателски или парламентарни кумановци треба да им дадат поддршка.

    Немојте да се плашите од потезите на нашите противници. Тие се застанати 20 - 30 години назад во времето. Постои друга опасност, ние немаме политички противник, немаме политички коректор. Последниве 7 години најголемите потези влегуваат во матрицата на левицата. Нивна работа е да зголемуваат плати, пензии, да обезбедат бесплатни учебници. ВМРО - ДПМНЕ е повеќе од партија,  ВМРО - ДПМНЕ  е стил на живеење - изјави Бичиклиски.

     Димишков смета дека секој граѓанин треба да се праша што тој направил за државата, а дури потоа што државата направила за него. И тој ја обвини сегашната опозиција дека во минатото направила големи грешки.

    Традицијата е основа за иднината. Велат ние сме ја менувале историјата. Ние ја дополнуваме и ја бришеме прашината од забранетите страници - рече Димишков.

    Трибината беше организирана од Унијата на жени на ВМРО - ДПМНЕ Куманово по повод 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба, празник кој ни претстои.

     Празниците како и секогаш ги одбележуваме со хуманост, солидарност, едукативни трибини. Трибината вечерва е по повод 120 години од Македонската револуционерна организација на Македонија. Сакам да споделам една мисла “Македонка мајка ме роди и ми остави аманет, бори се ќерко за Македонија“. Да си ја сакаме нашата татковина - вели Злата Божиновска, претседател на Унија на жени на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.

    Таа на сите граѓани им го честиташе 23 октомври. На крајот од трибината имаше и краток интерактивен дел во кој членовите поставуваа прашања до гостите.