×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бидете херои останете дома, порача Димитриевски

    22.03.2020 17:50 | KumanovoNews

     Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска изрази сочувство до семејството на 57-годишната жена од Куманово, која денеска почина како последица од коронавирусот, а на други двајца кумановци инфицирани од коронавирус им посака побрзо оздравување.

    Бидете херои останете дома, порача Димитриевски

    - Куманово има три потврдени позитивни случаи на коронавирусот, за жал еден од нив заврши со смртни последици, согласно информациите коишто ги добивме од Централниот кризен штаб. Сакам да искажам длабоко сочувство до семејството на починатата сограѓанка, а воедно и да посакам успешно лекување на членот на нивното семејство, како и на сограѓанката којашто е истотака инфицирана со коронавирус, - изјави градоначалникот .

    Тој истакна дека нашата општина низ историјата се соочувала со големи проблеми, но кумановчани секогаш знаеле да се справат со тие проблеми.

    - Сите заедно ќе го надминеме и овој проблем кој не е од локални туку од светски рамки. Заедно мораме да се избориме против коронавирусот. Клучот е во нас. Секој што ќе остане дома во самоизолација ќе даде несебичен допринос во борбата со кронавирусот. Вие ќе бидете херои доколку го почитувате редот и дисциплината. Не излегувајте од дома, бидете во овие тешки моменти со вашите семејства,- рече Димитриевски.