Мени

Биенална изложба на цртежи “Скици 2025“ во Куманово

12.11.2025 13:05 | KumanovoNews

Во Изложбениот салон на Центарот за култура, утре со почеток во 19.30 часот, ќе биде отворена биеналната изложба на цртежи “Скици 2025“. 

Биенална изложба на цртежи “Скици 2025“ во Куманово

На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина цртежи од авторите: Тања Соларска – Темелковски, Марина Цветановска – Мартиновска, Дејан Арсовски – Бабата, Зоран Арсовски – Бабата, Александар Стефановски, Далибор Крстевски, Милена Арсовска, Миранда Беќири – Фазлиу, Валентина Илијевска и Стефан Анчевски.

Проектот “Скици 2025“ е замислен како една биенална презентација на современиот цртеж на академските ликовни уметници од Куманово, и во таа насока по деветти пат пред ликовната но и пошироката публика ќе бидат претставени десет автори со своите дваесетина цртачки остварувања.

Носител на проектот е тимот на Секторот за визуелни уметности, архитектура и дизајн при НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, кој сметајќи го цртежот за важна компонента во реализацијата на едно ликовно дело,  направи напор за вклучување на академски уметници од повеќе специјалности - сликари, скулптори, графичари. Оттука и резултираше разновидноста на понудените решенија пред сè во пристапот но и во негова конечна реализација.

Изложбата ќе биде поставена до 27. ноември.