×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Благојче Јаќимовиќ нов претседател на НСДП Куманово

    28.11.2019 12:40 | KumanovoNews

    Благојче Јаќимовиќ е избран за нов претседател на општинската организација на НСДП Куманово. Јаќимовиќ досега ја вршеше функцијата секретар на огранокот и член е на Советот на Општина Куманово.

    Благојче Јаќимовиќ нов претседател на НСДП Куманово

    „ Прво сакам да се заблагодарам на делегатите, кои за првпат дојдоа во толку голем број. Од вкупно 110 делегати, присутни беа 99, кои едногласно дадоа поддршка за новите органи и тела, и на мене како претседател. Ова е огромна чест и задоволство, но и обврска да се раководи со една од најуспешните и најдобрите општински организации во земјава“, - изјави Јаќимовиќ.

    Тој вели дека во наредниот период негова најголема обврска е да го консолидира членството, да се изберат нови месни одбори, но и ќе се органираат средби и трибини си граѓаните за да се презентира нивната платформа и програма.

    „Како што знаете ние сме иницијатори за една изборна единица и за самостоен настап на изборите кога и да се одржат. Доколку успееме тоа да го истуркаме, бидејќи сега е во процедура во Собранието, ние како НСДП ќе ја поддржиме таа идеја, но доколку не успееме ќе бараме силни гаранции во наредниот период од предводникот на коалицијата СДСМ, по одржување на паралемтарните изборите веднаш да се премине на измените на Изборниот законик и тоа да се применува во понатамошниот период“, - додаде Јаќимовиќ.

    На изборната конференција присуствуваше највисокото партиско раководство од НСДП, но и гости од коалиционите партнери.