БМВ удри велосипедист
02.07.2015 15:25
| KumanovoNews
Велосипедист попладнево беше повреден на раскрсницата на булеварите Трета МУБ и Октомвриска револуција.

Несреќата се случи околу 15 часот, кога автомобил марка „БМВ“ и велосипедистот се движеле од центарот кон периферијата на градот. Во моментот кога свртеле на улицата што води во населбата Гоце Делчев дошло до судирот.
Повредениот, повозрасен човек, со возило на Итна помош веднаш беше пренесен во кумановската болница, но помина со полесни повреди.
Полицијата изврши увид на лице место за да се утврди причината за несреќата.