Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општина Куманово утре ќе му го верификува мандатот на новиот советник Реџеп Реџеповски, од листата „За наше Куманово“.
Тој доаѓа на местото на Бетим Хајдари, кој на минатата седница си поднесе оставка поради работа во странство.
Реџеповски (61) е пензиониран македонски боксер во лесна категорија. На Летните олимписки игри во 1984 година во Лос Анџелес освоил сребрен медал за СФР Југославија во категорија (51 кг).
„Реџеп има спортски дух и силно верува дека само со тимска работа и добра комуникација може да се направат промени и успеси. Како искусен спортист, во идниот Совет на Општина Куманово ќе ги развива спортските капацитети кај младите да вложуваат во себе, да бидат подобри личности и да се трудат да одржуваат здрав начин на живот. За него, спортот е најголема љубов и ќе се труди ентузијазмот за спорт да им го пренесе на младите генерации", вака беше претставен Реџеповски во кампањата на локалните избори.
Реџеповски е на 11 место на листата на советници Ивана Ѓорѓиевска.
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на Општина Куманово".