Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Големиот христијански празник „Божиќ - Денот на Рождеството Христово“ на граѓаните им го честитаа градоначалникот и претседателот на Советот, и им посакаа добро здравје, благосостојба и добра мисла .
Во мое лично име и во името на локалната самоуправа на сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник Божиќ, најискрено им посакувам празникот да го поминат во радост, среќа и благосостојба. Да го искористат божиќното славење за да ја зајакнат верата во иднината и сите заедно да ги надминеме недоразбирањата. Празнувањето на Христовото раѓање нека донесе радост и мир во кругот на семејството и пријателите. За многу години нека е празнувањето на овој пресветол празник. ХРИСТОС СЕ РОДИ!- стои во честитката на градоначалникот Зоран Дамјановски.
Во мое лично име и во името на Советот на Општина Куманово на сите граѓани им ја честитам Новата 2011 година и им посакувам здравјето, среќата, радоста и љубовта да им бидат секојдневни придружници во се она што ќе го започнат, а успешно да го завршат она што го почнале. На сите христијани им го честитам Божиќ со надеж дека хуманоста и љубовта кон луѓето ќе им бидат животна определба. Советот во 2011 ќе продолжи да биде предводник во сплотувањето на разните етникуми, религии и традиции со што мултиетничноста и мултикултурата ќе бидат заштитен знак на Општина Куманово- порачува претседателот на Советот Виктор Цветковски.