Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Виктор Божиновски откако си поднесе оставка на функцијата директор во ЈП “Водовод„ во иднина ќе раководи во секторот за правни работи во Општината Куманово.
Поднесов оставка на функцијата во претпријатието поради тоа што сметам дека 7 години е доволен период човек да покаже колку може да постигне. Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот за извонредната соработка што ја имавме во изминатиот период и целосно му се ставам на располагање во извршување на наредните задачи во Општината- изјави Божиновски.
За соработката со досегашниот директор се заблагодари и градоначалникот Дамјановски.
Божиновски се враќа на местото од каде е дојден овде, а тоа е државен службеник во општината и ќе го води Секторот за правни работи, а потоа ќе имаме други промени кои што ги најавивме во изборната кампања.- рече Дамјановски.