×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Божиновски осуден на 6 месеци затвор и пуштен од притвор

    22.10.2014 13:55 | KumanovoNews

    Виктор Божиновски, раководител во секторот за правни работи во Општина Куманово, денеска во Основниот суд Скопје 1 - Скопје, осуден е на 6 месеци затвор за сторено кривично дело посредување за примање награда за противзаконито влијание.

    Божиновски осуден на 6 месеци затвор и пуштен од притвор

    Основниот суд Скопје 1 - Скопје донесе пресуда - казна затвор во траење од 6 месеци за лицето В.Б., обвинето за кривично дело - примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст. 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на крајот од постапката даде одбрана и ги негираше наводите изнесени во обвинението, - стои во одговорот на Јавното обвинителство на Република Македонија, за Кумановоњус.

    До правосилноста на пресудата укината му е мерката притворот и ќе биде пуштен на слобода.

    Божиновски беше уапсен на 26 септемри во угостителски објект кај спортската сала во Куманово, додека примал мито заради легализација на дивоградба.

    Според МВР, тој побарал 1000 евра од граѓанин да посредува да се легализира доградбата. Сопственикот ја прифатил понудата и му исплатил 600 евра, а останатите требало да ги даде кога ќе се заврши работата. Откако примил  24.000 денари, Божиновски е упасен, а криминалистичко технички обработените пари биле пронајдени во неговата кола.