“Браќа Рибар“ и “Перо Чичо“ на регионален противпожарен квиз
24.11.2014 11:28
| KumanovoNews
Основното училиште “Браќа Рибар“ од село Табановце и Доброволното противпожарно друштво “Перо Чичо“, во петок ќе учествуваат на регионалниот противпожарен квиз во Свети Николе.
Првите ќе се натпреваруваат во категорија кадети, а вторите во категорија јуниори.
“Овие две екипи победија на општинскиот противпожарен натпревар и ќе се натпреваруваат на регионален. Материјалот е ист за противпожарна заштита. Им останува време да се подготват“ - вели Часлав Јовановиќ, секретар на Општински противпожарен сојуз Куманово.
Најдобрата екипа од регионалниот квиз натпревар во декември ќе учествува на државен натпревар во Кочани.