Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Повредени се 155 лица.
Меѓу загинатите е и еден полицаец кој вршел контрола за евентуално откривање на дрога.
Од загинатите идентификувани 35 лица, од кои 31 се од Кочани и 4 од Штип.
„ Распишана е централна потерница по четири лица. Се испитува и документацијата за дозволите на дискотеката од Министерството за економија“, изјави министерот Панче Тошковски.
На скопските клиники се згрижени 18 пациенти кои се во критична состојба.