Брза помош со двојно повеќе интервенции
19.06.2013 10:08
| KumanovoNews
Откако се зголемија температурите екипите на Брза помош имаат двојно повеќе работа.

Се зголеми бројот на посетите и јавувања во Брза помош. Тоа се должи на високите температури, не само кај хроничните болни, туку и кај здрави луѓе. Поради горештините тие дехидрираат. Сето тоа се одразува на здравјето и затоа зачестија многу колапсите. За 50 отсто се зголеми бројот на интервенциите. Најважно е во оние клучни часови од 11 до 17 да не се излегува на сонце - изјави Милена Спасовска, општ лекар.
Ако вообичаено Брзата помош имаше по 10 - 15 интервенции дневно, сега во некои денови тие бележат и по 30 интервенции.