×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Брза помош засилена со четири лекари и три возила

    29.11.2012 13:34 | KumanovoNews

      Итната помош во Куманово доби три нови модерни возила и четири лекари. Тоа значи дека граѓаните во иднина ќе имаат поквалитетна здравствена заштита.

    Брза помош засилена со четири лекари и три возила

    Новите возила се опремени со дефибрилатори, аспиратор, комплет за имобилизација, кислородна поддршка со боци.

    Можам да ви кажам дека ваква опрема досега не сме имале и дека е една од најсовремените. Возилата ќе имаат комуникациска поврзаност со болницата, а ќе бидат инсталирани и додатни помагала кои што ќе овозможат на докторот врз основа на касета со протоколи, кои што се предвидуваат за интервенција на итни медицински случаи, да го применат на пациентот. Снабдени се со преносен аспиратор, апарат за аспирација на содржина во усната шуплина во случај на сообраќајна несреќа. Има инсталирано и респиратор, апарат кој го помага дишењето на пациентот - изјави Миомир Панковски, директор на Здравствен дом.

    Лекарите за време на викендите следеле обука во скопските клиники како да ги употребуваат новите возила. Брзата помош во Куманово, во последните две години кубуреше и со кадар, па со новите четири вработувања од пред две недели, ветуваат дека ќе се подобри квалитетот на услугите.

    - Возниот парк е подновен, а тоа значи навремена и поквалитетна медицинска заштита. Возилата се комплетно опремени за пружање на прва помош на повредените на лице место. Разликата ќе биде голема од досегашното работење, опремата е поквалитетна и услугата ќе биде подобра - објаснува Марјан Спирковски, началник на Итна помош.

    Панковски рече дека располагаат со десет возила, од кои осум се функционални, а наскоро планираат самостојно да набават уште две возила. Трите возила се донација од Владата и чинат 210.000 евра.