×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бучавата во градот нeподнослива

    24.04.2012 10:06 | KumanovoNews

     Мерењата на Центарот на јавно здравје покажуваат дека има големи отстапување од дозволената граница, а најмногу во централното градско подрачје.

    Бучавата во градот нeподнослива

    Во Куманово бучавата на отворен простор ги преминува сите дозволени граници. Силни звуци од сообраќајот, верски објекти, веселби и прослави на отворен простор секојдневно ги параат ушите на граѓаните. Мерењата на Центарот на јавно здравје покажуваат дека има големи отстапување од дозволената граница. Најголема бучава е во централното градско подрачје.

    Ние во изминатите неколку години ја мериме бучавата на 10 места во градот и има зголемување на основното ниво на бучава во животната средина на отворен простор. Бучавата предизвикува  вознемиреност и нарушен сон кај граѓаните. Овие два параметри се опфатени со законската легислатива, која е целосно ускладена со законите во Европската Унија. Со законот е опфатена и бучавата предизвикана од верските објекти, кои мораат да ги почитуваат максимално дозволените вредности, исто како и бучавата од веселби и прослава- велат од Центарот.

    Прашањето за проблемот на бучавата на градот беше поставено и на една од седниците на Советот на Општината.  Советникот Миле Јакимовски ги праша надлежните служби што ќе преземат за да ја спречат прекумерната бучава.

    Локалната самоуправа има обврска да ги реши овие проблеми, кои се дел од Законот за заштита на животната средина, а секојдневно им создава проблеми на граѓаните. Максималната граница на дозволена бучава е 70 децибели, а се што е над таа граница треба да се санкционира, независно дали се верски, угостителски, индустриски објекти, градежни машини или автомобили. Особено е таа штетна во раните утрински часови и доцна навечер кога се загрозуваат одредени животни потреби на граѓаните. Инспекцијата треба да излезе на терен и во соработка со овласнета куќа за мерење на бучавата да ја утврди фактичката состојба, која повеќе од очигледно е неповолна за здравјето на граѓаните- предупреди Јакимовски.

    Три месеци откако го поставил советничкото прашање тој сеуште не добило одговор од надлежните, ниту пак е преземено нешто да се намали бучавата во градот. Напротив, верските објекти во градот постојано го зголемуваат разгласот, секоја вечер некој прави огномет, а моторите и автомобилите по булеварите создаваат бука како да се авиони.