Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Како дел од мисијата за поддршка на образованието и грижата за најмалите, компанијата Бучен Козјак активно ја спроведува иницијативата „Јас растам со Бучен Козјак“.
По повод 1 септември и почетокот на учебната година главниот акцент на активностите е ставен на учениците. Сите вработени во компанијата се дел од големото семејство на Бучен Козјак. Затоа денеска сите деца на вработените кои ја започнуваат новата учебна година добија ранец со комплетен училишен прибор.
Дополнително, со цел да се поддржат првачињата и да им се посака успешен почеток на нивното образовно патување, Бучен Козјак донираше основен училишен прибор во неколку основни училишта во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане.
Како дел од активностите, Бучен Козјак донираше комплетен прибор и ранци на сите ученици од Домот за деца без родители Ј.У. „11 Октомври“ – Скопје.
„Како дел од иницијативата „Јас растам со Бучен Козјак“ се и активностите за поддршка на учениците во новата учебна година кој е наш традиционален настан и го спроведуваме секој 1 септември. Почетокот на новата учебна година е нов предизвик за сите ученици, па и за родителите. Подароците се дополнителна среќа за нив, а ние сме неизмерно среќни што создаваме насмевка на нивните лица“, сметаат од менаџментот на Бучен Козјак.
Со овие активности, Бучен Козјак уште еднаш потврди дека е општествено одговорна компанија која повеќе од 40 години се грижи за заедницата и вложува во иднината на најмалите сметајќи дека поддршката на децата и нивното образование е инвестиција за подобра иднина за сите.
Среќен почеток на учебната година!