“Бувљакот“ се врати кај Спортската сала
24.11.2014 14:06
| KumanovoNews
Продавачите на стари предмети на т.н. “бувљак„, кои пред неколку недели беа избркани од паркингот кај спортската сала, викендов се вратија на старото место.

Повеќето од нив повторно ги поставија импровизираните тезги и нормално си продаваа, а убавото време овозможи да има и доста купувачи.
Инспекциските служби и полицијата, тезгите и продавачите ги отстрани во октомври, а од први ноември им обезбеди место за продажба на Добиточниот пазар во селото Долно Којнаре. Но поради одалеченоста, изгледа дека таму бизнисот слабо им оди, па тие се вратија на старата локација.