×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цариник доби кривична пријава затоа што негови колеги примале мито

    20.12.2019 15:25 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.М.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в од Кривичниот законик.

    Цариник доби кривична пријава затоа што негови колеги примале мито

    Пријавениот, извршувајќи службени работни задачи како царински службеник - водач на смена во Отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце - автопат во Царинарница Куманово при Царинската Управа на Македонија, на работна смена од 20.00 часот на 27.07.2019 до 08.00 часот на 28.07.2019, несовесно постапил во вршење на своето дискреционо овластување со пропуштање на должен надзор како единствен непосреден старешина на смената. При тоа им овозможил на двајца царински службеници и други кои биле на смена во посочениот период, на влез во Македонија, од граѓаните кои остварувале влез во Македонија на Граничниот премин „Табановце“ противправно за себе да наплатат 1.670 евра и 190 швајцарски франци, а на штета на Буџетот на Македонија, преку избегнување на царински давачки за роба која подлежи на царинење при влез во Македонија.