Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Царинската управа на РМ, за период октомври - декември 2012 година за најдобра царинска испостава која врши патнички промет ја избрала испоставата Табановце-автопат, царинарница Куманово.
Изборот е направен по претходно обработени извештаи за работата на царинските испостави врз основа на определени критериуми за: бројот на царински документи, извршители, наплатени давачки, откриени царински и девизни прекршоци, запленета стока, број на патници и возила и други.
Изборот за најдобра испостава се врши за секој квартал во тековната година.