×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе ги бришат невработените ако одбијат работа

    05.07.2012 10:32 | KumanovoNews

    На невработените кои повеќе од две години се пријавуваат во Агенцијата за вработување ќе им се понуди каква било работа и доколку не прифатат ќе бидат избришани од евиденција.

    Ќе ги бришат невработените ако одбијат работа

    Оние кои од една до две години чекаат работа ќе имаат шанса за работно место кое е за еден степен пониско од нивното образование. Многумина сметаат дека на ваков начин државата вештачки ќе го намали бројот на невработени, а во пракса народот ќе тоне во сиромаштија.

    Државата на невработените може да им понуди работно место на два часа оддалеченост од местото на живеење. Граѓаните се против овој предлог бидејќи се убедени дека ќе претрпат штета ако присилно институциите ги избришат од евиденција.

    Не е во ред и не можам јас да прифатам каква било работа. Треба да се гледа возраста, способноста. Јас за 100 евра нема да работам, ама многу ни е државата на ниско ниво. Пратениците ако можат да преживеат со 100 евра , ќе се нафатам и јас, ќе нема проблем за мене - вели невработена од Куманово.

    Зорица Крстевска објаснува дека не е фер некој со високо образование да биде обичен работник. Таа додава дека првенствено треба да се бара работа по струка, а луѓето со финансиски проблеми секако дека ќе прифатат каква било работа. Крстевска е невработена во поодминати години и вели дека е неправедно газдите да ги искористуваат и уценуваат младите квалитетни кадри.

    И досега имало наставници кои патуваат два часа до работа. Таков е случајот во кратовско, липковско. Дел од патот се возат, а потоа има и половина час пешачење. Просветни работници се бираат преку конкурс или оглас. Штом кандидатот ќе поднесе документи тој автоматски ги прифаќа тие услови. Ако преку Биро за вработување  на невработен наставник му понудат работа како трговски патник или да го ангажираат во некоја организација тоа  е негов избор. Тој сам одлучува дали ќе прифати или не - велат од регионалниот одбор на СОНК.

    Социолозите коментираат дека ако оваа реформа се спроведе плански ќе има позитивни ефекти, но ако функционира само повремено и селективно невработените нема да имаат корист. Од државните институции објаснуваат дека со оваа мерка ќе се разграничат активните и пасивните невработени граѓани.

    Досега од списокот на невработени на државно ниво се избришани над 100.000 луѓе по различни основи. Се очекува дека од вкупниот број на невработени 180.000 лица треба да чекаат понуда за работа од државата.