Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Цели три месеци камион без регистарски таблички стои на тротоар на улицата „Братство Единство„, пред музичкото училиште “Панче Пешев“ и го попречува движењето на пешаците, а никој од надлежните служби не реагира.
Во текот на летото возилото се користеше за продажба на бостан, но откако заврши со работа остана на тротоарот.
Неколкупати пријавивме во полиција дека камионот узурпира јавен простор, но никој не се потресе поради тоа. Полицијата и пајак службата секој ден поминуваат покрај него и не го гледаат, ама затоа се брзи кога нашите возила се непрописно паркирани.- се жалат новинарите од Дописниот центар.
И од музичкото училиште “Панче Пешев“ бараат надлежните да го тргнат камионот, бидејќи започна учебната година и голем број ученици кои доаѓаат на училиште наместо по тротоар се движат по средина на улицата.