Ќе се чистат речните корита во кумановско
23.09.2013 08:34
| KumanovoNews
Министерството за животна средина одобри нафта на Водостопанство “Кумановско - Липковско Поле“ за чистење на неколку речни корита во кумановско.

Ќе се чисти река Отљанка во должина од 1 км, река Живуша во должина од 1 км, Крива Река кај Довезенце 2 км и кај село Бељаковце 2 км. Сега имаме рачно расчистување на трасите. Ќе се продлабочи профилот на самите речни корита. Ова е пред есенските дождови, а ќе има акција за чистење и во 2014 година - рече Филип Филиповски, директор на Водостопанство “Кумановско - Липковско Поле“.
На ниво на држава ќе бидат исчистени речни корита во должина од 142 км.