Ќе се чисти речното корито на Петрошница
04.02.2016 11:16
| KumanovoNews
Наскоро ќе се чисти коритото на реката Петрошница.

Општина Старо Нагоричане ќе започне со реализација на акционен план за чистење на речното корито на река Петрошница. Чистењето ке се спроведе од мостот на регионален пат Куманово-Крива Паланка, па се до вливот во река Пчиња. Согласност и средства има обезбедено од Министерството за животна средина и просторно планирање од стокови резерви на нафта, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.