Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градинката “Славејче“ лоцирана кај Зелениот пазар ќе се догради со финансиска помош од УНДП.
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски објасни дека објектот ќе се прошири околу 600 квадрати, со што ќе се обезбеди простор за прием на повеќе деца.
“Правиме проект заедно со УНДП кој се надевам дека оваа година ќе биде реализиран. Ќе се зголемат капацитетите за прием на нови деца, бидејќи навистина има потреба од тоа. Има интерес од меѓународната заедница по се што се случуваше во овој период, да ни помогнат знаејќи во каква ситуација се наоѓаме, под каков притисок е општина Куманово од централната власт„- изјави Дамјановски.
Тој вели дека проект се прави и за градинката “Синоличка“ кај Градскиот стадион, но неизвесно е дали истиот ќе започне со реализација оваа или идната година.