Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жителите на кумановско Агино Село се жалат дека со години се соочуваат со нерешени инфраструктурни проблеми, иако живеат помеѓу двата најголеми градови во државата.
Селото брои над 1000 жители, а нема легален приклучок на автопатот Куманово-Скопје, ниту асфалтирани улици во селото.
Живееме на 11 километри од Куманово и на 24 километи од Скопје до самиот автопат и навистина е жално во 21 век ова да ни се случува. Градоначалникот за овие 7 години нема ништо направено кај нас, не стави ни 100 метри асфалт, а поголем дел од селото гласаше за него. Ние немаме црква, немаме влез и излез до автопатот, немаме асфалт, газиме кал и немаме услови за нормален живот. Ако вака продолжи да не се вложува и да се гради селот многу од нас ќе мигрираат - велат жителите на селото.
На ова градоначалниот Зоран Дамјановски одговара дека иницијативата на граѓаните за црква ја поддржува како што тоа го сторил на многу други места каде се градат сакрални објекти за верниците.
Има изготвено проект за канализациона мрежа Романовце - Агино Село, меѓутоа тој проект кој требаше да биде имплементиран за него не добивме зелено светло од Министерство за финансии. Тој проект засега е во стагнација. Имаме сега проект за локален пат кон гробиштата, и тој проект е во фаза на изготвување и ќе се реализира на почетокот на наредната година - рече Дамјановски.