Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Државниот пазарен инспекторат во наредниот период ќе ги засили контролите во дискотеките и другите затворени угостителски објекти за да провери дали се почитува Законот за заштита од пушење.
“Доколку при инспекцискиот надзор се утврди дека во јавните простории се пуши, инспекторот ќе донесе решение за привремена забрана за вршење на дејност во траење од седум дена за трговец поединец и 15 дена за правно лице. За правно лице глобата е од 2.000 до 4.500 евра, а за одговорното лице од 500 до 1.000 евра. Глоба во износ од 150 до 300 евра ќе му се изрече за прекршок на физичко лице ако пуши во просторија каде што е забрането пушењето“ - се вели во соопштението од Државниот Пазарен инспекторат.
Глоба од 100 евра, ќе му се изрече на физичко лице и на самото место каде е направен прекршокот.
Согласно Законот за заштита од пушење се забранува пушењето во јавните простории. Пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект на тераса, летна бавча, исклучиво доколку просторот е покриен и отворен најмалку од три страни на кои нема никакви прегради или на отворен простор кој не е покриен со тенди, чадори и слично, а кој странично е заграден.
Во Куманово Законот единствено се почитува во угостителските објекти, додека во јавните општински и државни институции постојано се крши.