Ќе се оддржи меморијалниот марш “Појак Калман“
07.10.2012 05:58
| KumanovoNews
Денеска планинарите од Спортско рекреативниот клуб “Козјак“ по 13 пат ќе маршираат во чест на Појак Калман, поранешен почесен претседател на клубот.

Маршот ќе се одржи на реалциите Крива Паланка - манастир Свети Јоаким Осоговски и Кратово - Куклица. Ќе учествуваат шеесет планинари од Куманово.
Со маршот се одбележува денот кога е починат еден од најстарите планинари во градот и основоположник на “Козјак“, Појак Калман.