Ќе се печати збирката “Скршено огледало и празна рамка„
16.01.2014 15:10
| KumanovoNews
Во март ќе излезе од печат збирката “Скршено огледало и празна рамка“ на поетесата Дарка Ѓорѓиевска од Куманово.

- Збирката има над 50 песни во кои пишувам за светот околу мене и каде јас се наоѓам во него. За животот и за тоа дека по 20 години сфаќаме дека некои пријатели не ни се вистински пријатели. Пишувам за татковината, за општеството и суптилно критикувам. Во збирката прикажувам една тешка реалност - изјави Ѓорѓиевска.
Печатењето ќе се реализира со помош на битолското друштво “Дата песнопој“. Ова е 4 - та по ред книга на Ѓорѓиевска.