Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре во 13 часот ќе биде промовирана првата монографија “Црковни споменици во кумановско“ од Славица Крстиќ, историчар на уметност, советник во Музеј Народен Куманово.
Во оваа книга авторката ги сумирала фактите од својата неколкугодишна истражувачка работа опфаќајки ги црквите од 2 па се до 20 век во Куманово и околината. Со ова дело црквите ќе бидат презентирани пред пошироката јавност. Крстиќ за да создаде една ваква книга користела стручна литература, направила многу теренски истражувања, ги проучила легендите и собрала информации од луѓето во околните села.
Издавањето финансиски е поддржано од Министерството за култура.