×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се растури ли коалицијата на НДП и ДУИ во Советот?

    22.01.2014 16:00 | KumanovoNews

     Од НДП се незадоволни затоа што долго чекаат за назначување на нивен директот во Домот за стари лица „Зафир Сајто„, како и поради бавните вработувања

    Ќе се растури ли коалицијата на НДП и ДУИ во Советот?

     Советникот од партијата на Руфи Османи, Зенун Исмаили, ќе ја напушти коалицијата на ДУИ, и понатаму ќе дејствува самостојно во Советот на Општината Куманово. Како што дознаваме од партиски избори распаѓањето на коалицијата во албанскиот блок на политички партии ќе биде официјализирана на утрешната седница на Советот.

     Советникот Исмаили за Кumanovonews, потврди дека во коалицијата има одредено незадоволство и несогласување, но одлуката за раскинување или продолжување на коалицијата ќе биде донесена на централно ниво.

     Не се точни шпекулациите дека веќе сме ја раскинале соработката со ДУИ. Вечерва имаме состанок на раководство на партијата во Скопје и таму ќе ја донесеме одлуката. Утре на седницата на Совет ќе се знае точно како ќе делуваме понатаму- изјави Исмаили.

     Како што дознаваме, во НДП се незадоволни поради тоа што 7 месеци се чека за поставување на нивен директот во Домот за стари лица „Зафир Сајто„, како и поради бавното релизирање на договорот за останатите вработувања во општинската администрација и јавните претпријатија.

    Од СДСМ тврдат дека ако Исмаили и евентуално излезе од коалицијата со ДУИ,  тој и поматаму ќе го подржува мнозинството во Советот и нема да се смени распоредот на силите помеѓу власта и опозицијата.

    Исмаили се вработил во ЈП „Чистота и Зеленило„, како советник на директорот откако е избран за член на Советот.

    НДП во Советот има едно советничко место, а ДУИ четири.