Ќе се реновира интернатот во Драгоманце
За време на летниот распуст ќе се реновира интернатот во село Драгоманце.

Ќе се обнови инвентарот во просторијата за дневен престој, ќе се заменат креветите и душеците во спалните соби.
- Тоа ќе биде минимално, но многу ќе значи. Условите сега се добри и овозможуваат нормално да се обавуваат сите обврски. Цели 14 години ништо не е реновирано во интернатот, а последен пат имаше замена на олуци и средување на тоалетите. Реновирањето ќе го направиме со сопствени средства и со помош на родителите - вели Стојка Спасовска, директорка на ОУ “Христијан Т.Карпош“ и интернатот во Драгоманце.
Во овој интернат престојуваат 23 деца од поодалечените села во Општина Старо Нагоричане и посетуваат настава во училиштето во Драгоманце.