×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реновира училиштето во Умин Дол

    21.12.2015 14:55 | KumanovoNews

    Македонскиот центар за меѓународна соработка и општина Куманово ќе го реновираат училиштето “Карпош“ во село Умин Дол, со 32.000 евра.

    Ќе се реновира училиштето во Умин Дол

    Ова е приоритет за населението во селото, а во училиштето ќе се реновираат санитарните јазли, ќе се направи игралиште со парк и партерно уредување.

    Одлучивме и по гласањето најмногу гласови доби училиштето со санитарните јазли. Досега децата имаа полско веце кое беше во училишниот двор. Детското игралиште е за рекреација на помали, помлади. Со одлука на Советот, локалната самоуправа одлучи да додаде уште 600.000 денари, со што ќе го покриеме целиот проект, а на тој начин на жителите ќе им овозможиме нивните деца и млади да имаат пристоен живот - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Средствата за финансиска поддршка на проектот се обезбедени со посредство на МЦМС од Британската амбасада. Димче Митрески од МЦМС вели дека проектите кои претходно беа предложени од мештаните, а не се реализирани ќе бидат доставени до општината и во иднина може да се реализираат.

    Од месната  заедница велат дека за нив е чест што се избрани од толку села во Македонија и се среќни што ќе се реновира школото, кое датира од педесетите години на минатиот век.