Ќе се реновираа Здравствените домови
04.12.2013 10:15
| KumanovoNews
Од утре ќе започне реновирањето на Здравствените домови во Куманово.

Ќе се реновираат санитарните јазли во централната зграда, во објектите во населбите Тоде Мендол, Гоце Делчев и Перо Чичо.
Во населбата „Перо Чичо„ ќе се реновира дел од покривот кој е оштетен, а во административниот дел од централната зграда подот. Вкупната инвестиција е 2 милиони денари, средства на Здравствен дом.- изјави Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.
Се очекува реновирањето да заврши до Нова година.