Ќе се реновираат училишта во Општина Липково
03.06.2014 09:54
| KumanovoNews
Општина Липково аплицираше за грант од Светска банка за реновирање на основните училишта. Се очекува грантот да биде одобрен и за неколку месеци да почне реновирањето.

Ќе бидат опфатени училишта во повеќе села. Во најлоша состојба е училиштето “Култура“ во село Матејче кое е старо повеќе од 50 години. Планираме да го средиме покривот, да се извади патосот и да се стави централно греење - вели Џевдет Рахмани, одговорен за образование во Општина Липково.
Со реновирањето ќе бидат подобрени условите во 6 централни основни училишта на територија на Општина Липково.