×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се трујат крлежи и глувци во Куманово

    21.06.2014 11:11 | KumanovoNews

     Дезинсекција против крлежи и дератизација против глувци во понеделник ќе се изврши на територија на општина Куманово.

    Ќе се трујат крлежи и глувци во Куманово

    Зелените површини на кои ќе се изврши дезинсекција ќе бидат видно обележани и на нив не се препорачува подолг престој за луѓе и животни непосредно по третманот.

    Дератизација ќе се спроведе на Градскиот кеј.

      - Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите од постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени  и отворите што служат за атмосферска вода. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на река Кумановка и кејот, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено да не го допираат - информираат од општина Куманово.

    Дератизацијата последователно ќе трае неколку дена.