Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Полициска станица од општа надлежност Куманово ќе се вработат 20 полицајци.
Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување кој ќе биде отворен наредните 15 дена.
Кандидатите за полицајци треба да бидат државјани на Република Македонија, да се полнолетни, а да не наполниле 25 години ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование. Активно да го користат македонскиот јазик, со безбедносна проверка да се утврди дека не постои безбедносен ризик од нивно вработување, да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование, да се здравствено и психофизички способни и со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Во однос на посебните услови се бара висина од најмалку 175 см за маж, односно 165 см. за жена и висока лична физичка подготвеност.
Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука, а по завршување на основната обука ќе склучат договори за вработување.