Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Околу 35 искршени и дотрајани клупи во градот наскоро ќе бидат заменети со нови, информираат од општина Куманово.
Дополнително во Стариот градски парк и на други локации ќе бидат поставени целосно нови клупи.
“Највеќе оштетувања има на кејот на река Кумановка. По наша проценка има 35 клупи, скршени комплетно. Има предвидено санација на даски и поставување на нови клупи. Постапката е во тек и се надеваме дека за дваесетина дена или месец дена, ќе биде завршена постапка како за реконструкција и санација, така и за поставување на нови клупи“ - изјави Момчило Јовановски, помошник раководител во сектор за урбанизам во општина Куманово.
Клупите ги уништуваат несовесните граѓани, или пак се уништуваат од забот на времето.