×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе започне реконструкцијата на Кумановскиот театар

    29.01.2020 08:39 | KumanovoNews

    Владата даде согласност за реконструкција на објекти на национални установи меѓу кои и за Театар Куманово, кој функционира во состав на НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

    Ќе започне реконструкцијата на Кумановскиот театар

    Годишната програма за инвестиции во културата за 2020 година, содржи 12 проектни активности кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и Националните установи од областа на културата кои се носители на активностите.

    - Се предвидува почеток на реконструкција на објекти на национални установи за кои претходно беше обезбедена проектна документација како прва фаза од реконструкција во објектите на НУ ЦК „АСНОМ“ во Гостивар, НУ ЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово – зграда театар, - соопштуваат од Владата.

    Финансиските средства потребни за реализација на активностите од Годишната програма за инвестиции во културата се предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2020 година во износ од 209.500.000,00 денари.

    На вчерашната седница Владата даде согласност за изградбата на 10 баскет игралишта меѓу кои и за Куманово.