Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за образование, Панче Кралев денеска при посетата на Куманово објасни дека дисперзираните студии по геодезија не заживеале, бидејќи немало интерес од студентите.
Немаше интерес, за жал. Оваа година повторно ќе биде распишан конкурс за геодезија и други студиски програми. Наша заложба беше да има студиски програми и во другите градови. Локалната самоуправа е важно да ги проследи тие информации до јавноста, и да се оствари тој минимум од 20 студенти по група - рече Кралев.
Негов став е дека кумановци треба да имаат можност да студираат во својот град и Куманово да прерасне во студентски град.