Центар за вработување и во Општина Липково
18.11.2013 13:31
| KumanovoNews
Следната недела во просториите на Општина Липково ќе профункционира канцеларија на Центар за вработување Куманово.

Во канцеларијата ќе има двајца вработени и таму жителите на Општина Липково ќе можат да се пријавуваат како активни или пасивни баратели на работа. Со ова жителите на Липково нема да патуваат до Куманово за пријавување, туку во својата општина ќе можат да ја завршат обврската.
Во Центар за вработување Куманово се регистрирани 3.600 невработени лица од Општина Липково.