Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на Општина Старо Нагоричане наскоро ќе се отвори дисперзирана канцеларија од Центар за вработување Куманово.
Активностите се во тек и отворањето е планира за околу еден месец.
Отворањето на дисперзираните канцеларии на центрите за вработување произлегува како резултат на напорите што Агенцијата за вработување ги вложува за да им излезе во пресрет на своите клиенти кои живеат на поголема одалеченост, а со цел да им овозможи олеснето користење на нејзините услуги - кажа Билјана Живковска од АВРМ.
Ваква дисперзирана канцеларија веќе функционира во Општина Липково.