×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за култура доби 6 милиони денари за проекти, обезбедени пари и за нова миксета

    21.01.2020 12:48 | KumanovoNews

    Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Министерството за култура ќе добие околу 6 милиони денари за проекти од Годишната програма за поддршка на проекти од културата од национален интерес во 2020 година.

    Центарот за култура доби 6 милиони денари за проекти, обезбедени пари и за нова миксета

    Дел од средствата се наменети и за техничко доопремување на институцијата.

    Директорот Сашо Тодоровски, вели дека ги радува фактот што оваа година има обезбедено и средства за набавка на нова светлосната миксета, бидејќи постоечката е стара 40 години.

    - Одобрени се повеќе средства од мината година. Особено ме радува фактот што се одобрени 910.000 денари за набавување на нова светлосна миксета со која ќе се замени постарата која се наоѓа во големата сала на Центарот за култура. Па така, посетителите ќе можат да имаат подобро осветлување кога ќе следат некој настан,- вели Тодоровски.

    Од Министерството за култура се одобрени и 700.000 денари и за Денови на комедија, како и средства за повеќе изложби, караоке шоу, концерти и четири претстави.

     Тодоровски вели дека и оваа година и со свои пари ќе продолжат да ја збогатуваат културната програма.