×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за култура започнува со подготовките за културните настани

    01.07.2020 12:03 | KumanovoNews

    Владата на вчерашната седница го донесе протоколот за работа на музеите, галериите и изложбените простори, протоколот за спроведување на мерките за заштита од КОВИД-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани.

    Центарот за култура започнува со подготовките за културните настани

    Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вели дека тие се подготвени за отпочнување на дел од културните настани, согласно протоколите.

    „ Ние сме подготвени за да работиме во новонастанатите услови. Ги предложивме нашите видувања и протоколи согласно нашите просторни услови и очекуваме секоја од институциите да ги спроведе согласно дадените препораки. Ние имаме начин и можности да се прилагодиме на условите. Тоа практично би значело делумна процентуална исполнетост на капацитетите зависно од протоколите. Секако дека нема да може да се исполни целиот капацитет, но сигурен сум дека публиката ќе се прилагоди како и ние за да можеме да создаваме настани од културата“, објаснува Тодоровски.

    Центарот за култура во Куманово беше меѓу првите институции кои даваа свои предлози како ќе можат да се одвиваат културните настани и во време на коронакризата, поставувајќи столови и маси на растојание, пред самата установа.

    Сепак, тетарите се` уште остануваат со затворени врати, иако во минатото во Куманово престатвите се играле и под отворено небо, во дворот на институцијата, што било и дополнителна атракција за љубителите на уметноста.

    Одлуката за прекинување со работа на театрите, музеите, библиотеките како и кино салите Владата ја донесе на 17-тата седница, на 12 март, како мерка за заштита од заразување од вирусот Ковид-19. Оттогаш па во наредните три месеци, дел од културните институции се обидоа да пронајдат начини за да се доближат до публиката, и да дадат свој придонес во оваа борба, но дел од нив останаа сосема пасивни.

    (Ф. Марковска)