×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за развој на регионот догодина фокусиран на туризмот

    22.12.2015 13:28 | KumanovoNews

    Центарот за развој на североисточниот плански регион во 2016 година ќе се фокусира на развој на туризмот.

    Центарот за развој на регионот догодина фокусиран на туризмот

    Пред претставници на општините, невладини организации и бизнис секторот денеска беша презентиран акцискиот план за 2016 година и она што во него е предвидено. Раководителот на Центарот за развој на североисточниот плански регион, Младен Протиќ вели дека во 2016 година за реализирање на проектите ќе им бидат потребни над милион евра.

    Се надеваме за Куманово дека ќе успееме Занатскиот дом комплетно да се реновира и реставрира. Околу 200.000 евра побаравме од Бирото за регионален развој, а општина Куманово со свое учество ќе се вклучи. За Кратово ќе го правиме регионалното туристичкото биро. Се надеваме  дека во Бислим ќе успееме иако тоа се малку пари, да направиме една убава влезна капија, да направиме една визиелизација на влезот и со едно планинарско друштво да ги одбележиме планинарските патеки. Во општина Ранковце ќе направиме 20 легла за туристи, кои се сопственост на општината. Во Старо Нагоричане ќе се интервенира на уредување на Костоперска карпа. За Крива Паланка ќе изградиме околу 1 км патен правец до Калин камен, а во општина Кратово до Цоцев Камен“-изјави Протиќ.

    Тој вели дека ќе ги промовираат културно-историските знаменитости кои се наоѓаат во регионот.

    Од здружението „Агро култура“ од Липково велат дека ги поддржуваат активностите кои се за развој на регионот.

    Ние тука учествуваме за интересите на нашата општина. Подржуваме целокупни активности кои се одвиваат во целиот регион и ова е добра шанса за промовирање на регионот. Во иднина јас сум оптимист дека Центарот ќе се развие. Цела оваа работа е да се подигне Центарот на ниво на другите центри. Не е затворена целата програма, ако има нешто друго ние може да внесуваме - кажа Газменд Саити, член на „Агро култура“.

    Од Центарот за развој на севеористочниот плански регион  рекоа дека над 90 отсто од планираното, оваа година е исполнето.

    Во интерес на сите е да функционира овој североисточен плански регион, по она што го кажа директорот за реализираното од 2015 со оглед на тоа дека не водат како најнеразвиен регион, мислам дека доста е направено и тимот тоа што го направи тоа треба поагресивно да игра - рече Тони Трајковски, советник од Советот на општина Куманово.

    Работилницата е организирана со помош на германското друштво за соработка ГИЗ РЕД и Швајцарската агенција за развој.